Запознајте ги македонските тинејџери со милион фанови на YouTube

GP, Wincut, Steffonator, Andrej pravi vlogovi, IB production, Ivan Ajnstain, Bobi beatbox, Bambo…се македонските јутубери кои на своите профили објавуваат смешни видеа, едуцираат и што ти не… „Во иднината, секој ќе биде славен 15 минути“, предвиде Andy Warhol во 1968 година.
Половина век подоцна, изгледа дека таа иднина е сегашност. Нејзините ѕвезди се „новите Интернет деца“, нејзината алатка е камерата, а нејзиниот медиум се видеата.
Анализирајќи ги профилите сфативме дека и кај нас има една група на тинејџери кои максимално ја искористуваат моќта на друштвените медиуми и дигитални платформи.
Видеото за нив е неизбежен дел од пренесување на информација и меѓусебна интеракција, за што говори и трендот на пораст на стримување и споделување на видео и фотографии во живо кој го форсираат најпопуларните друштвени мрежи, тренд на кој постарата публика научена на професионално продуцирани видеа во стандарден формат или постирање на 1-2 фотографии дневно сѐ уште се нема навикнато и го смета за неразбирлив.

Заработките и бројките сигурно се помали од оние САД, ама популарноста е очигледно доволна за да полни сали и плоштади. Така, во мај годинава беше организирано You Tube Macedonia шоу, каде најпознатите македонски јутјубери се дружеа со своите фанови во ВИП Арена – Борис Трајковски. Летово пак, во Охрид се случи влогерски meet-up кој го наполни плоштадот со фанови на новите ѕвезди.
Дополнително на овие бројки, Марко – GP има над 129.000 следбеници.
Fast forward 500+ видеа… кратки филмчиња, гејмплеј од игри, влогови, видеа каде што играте Fifa со другари на јадење љуто кој прими гол… Се она што со нетрпение го исчекуваат фановите на GP.
-Го следам GP, негов фан сум. Интересни ми се неговите коментари поврзани со видео игрите, вели 12-годишниот Петар.
-Цело одделение го следиме често пати тој ни е тема на разговор имам помал брат откако ме виде дека го гледма GP и он почна да ги следи неговите видеа, вели 14-годишната Калина.
-Имам две деца искрено на почетокот не ми беше јасно што има толку интересно во овие видеа седнав да проврам и сфатив дека нема некој глупости. Има некои интересни видеа, но жално е што младината наместо да спортува и забавува надвор седи пред компјутер, вели Ирена од Аеродром.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.