Запознајте ја оваа бабичка која ја направила својата прва тетоважа на 103 години

Дороти Полак е 103-годишна бабичка која после излегувањето од изолација во старечки дом ја направила својата прва тетоважа. Таа на 16 јуни го прославила својот роденден, а ова било нејзиното изненадување.
Запознајте ја оваа бабичка која ја направила својата прва тетоважа на 103 години
Пред неколку години нејзиниот внук сакал таа да се тетовира, но таа не прифатала. Одеднаш, репила да го направи тоа, а за тетоважа одбрала жаби, бидејќи биле нејзините омилени животни. Татуистот вели дека таа била многу возбудена, а за него тоа било неверојатно искуство, бидејќи таа била неговиот најстар клиент.


Медицинските сестри од старечкиот дом велат дека поради изолацијата, Дороти била многу депресивна, па ова било нешто што многу ја направило среќна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.