среда, 11 ноември 2026
Најново

Започна средбата на премиерот Ковачевски со владината коалиција

Започна средбата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со владината коалиција. На средбата се присутни лидерите од сите коалициони партнери на Владата.
 
Целта на денешната средба е да се потенцираат силните активности на Владата во насока на водењето на економските политики во земјава во услови на светска криза. Коалиционите партнери предвидено е да разговараат за мерките и поддршката за зголемување на стандардот на граѓаните во овој период на најголема економска криза како и политиките поврзани со евроинтеграциите.
 
На средбата уште еднаш ќе биде реафирмиран ставот за стратешките приоритети на државата, ќе се разговара за евроинтеграциските процеси и разговорите со Бугарија.
 
По завршувањето на средбата, премиерот Ковачевски е предвидено да има изјава за медиуми заедно со лидерите од владината коалиција.

Пронајдете не на следниве мрежи: