Воената хунта во Нигер објави дека, како што е наведено, „странска земја“ се подготвува да изврши инвазија на нејзина територија, без да прецизира за која земја се работи, пренесува ТВ каналот Ал Арабија.
Тие најавија и затворање на воздушниот простор на земјата поради ултиматумот на Економската заедница на западноафриканските нации (ECOWAS), кој истече вчера.

Претходно, ECOWAS даде рок од една недела за соборениот претседател Мохамед Базум да се врати на власт во Нигер, во спротивно најави дека ќе употреби сила за да го врати уставниот поредок.
Истовремено, западните медиуми објавија дека веќе е развиен план за можна воена интервенција во Нигер. ЕКОВАС претходно соопшти дека ќе ја прекине финансиската помош за Нигер, ќе воведе забрана за патување и ќе ги замрзне средствата на учесниците во пучот, нивните семејства и секој што ќе се согласи да „учествува во институциите“ формирани од бунтовничката армија.
Исто така, границите беа затворени, а комерцијалните и финансиските трансакции меѓу земјите на Заедницата и Нигер беа суспендирани.
Пронајдете не на следниве мрежи:


