Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) објави јавен повик за ангажирање поранешни припадници на Полицијата, Армијата и Противпожарните единици за организирано учество во гаснење пожари на отворен простор и шумски пожари.
За тримесечен ангажман во текот на летото, Дирекцијата нуди паричен надоместок од 2.150 евра (односно 44.000 денари месечно нето / 132.000 денари вкупно) преку договор на дело, при што на пензионерите не им се прекинува исплатата на редовната пензија.
Од ДЗС информираат дека кандидатите треба да имаат најмалку петгодишно полициско, армиско или пожарникарско искуство, без разлика дали се во пензија или од други причини ги напуштиле службите. Потребно е да се здрави и во добра психофизичка кондиција соодветна на возраста.
Повикот е отворен за следните три позиции:

Возачи на специјалните противпожарни возила (22 пинцгауери, 5 хермелини и 15 БТР-и пренаменети во противпожарни возила);
Оператори на противпожарните пумпи вградени на специјалните противпожарни возила;
Оператори со противпожарна водна ранци и метли.

Во соопштението потпишано од директорот Стојанче Ангелов се наведува дека работното време ќе биде флексибилно и прилагодено на состојбата на теренот.
„Дојдете, помогнете и заработете 2.150 евра за три месеци во текот на летото, гаснејки ги пожарите на отворен простор кои претстојат перед нас. Работното време ќе биде прилагодено на потребите за справување со пожарите на отворен простор односно се оди на терен во деновите кога има зголемен обем на пожари и се останува додека има потреба и услови за дејство. Користењето на слободни денови ќе се договора во зависност од потребите на теренот и од потребите на ангажираните лица. Воедно се погриживме да имаат доволно слободни денови за да можат да заминат на однапред планиран летен одмор.“
Институцијата презема обврска да ги обезбеди сите прегледи, обуки и заштитна опрема за пријавените лица пред тие да бидат испратени на терен.
„Ние ќе организираме соодветни здравствени прегледи, основна проверка на нивната психофизичка состојба, кратка и ефективна противпожарна обука, ќе добијат противпожарна униформа и неопходна опрема, а потоа ќе започнат со организирано учество најпрво во полесни и поедноставни пожари а подоцна и во други пожари каде ќе има потреба од поддршка на локалните сили, на територијата на Македонија.“
Пријавувањето се врши електронски со испраќање порака на меил-адресата на ДЗС: [email protected]. Кандидатите треба да испратат име и презиме, куса работна биографија и личен телефонски број за контакт.

The post Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: