“Заради тоа се мразам и се гадам од самата себе ” Анабела низ солзи прозборе за најголемата животна траума

Задругарките денес учествуваа во емисијата “Магазин ин”. Во таа прилика Анабела Атијас прозборе за нејзиниот пропаднат брак со Гаги Џогани. За прв пат призна дека за некои детали не знае ни Луна Џогани.
-Дали има нешто што никогаш не си и го кажала на Луна? – Сања ја праша Анабела.
-Што се однесува конкретно на Анабела и нашиот заеднички живот како семејство, со нејзиниот татко, беше навистина невозможно да се сокријат некои работи. Колку и да се трудев, стварно лошо се чуствувам поради тоа. Стварно извини, се изјасни Анабела низ солзи.


-Можеби тоа никому нема да можам да го кажам, затоа што се работи за многу тешки работи и знам дека можат многу луѓе да бидат повредени. Жал ми е што на крај испадна јас да сум виновна, обидувајќи се да го држам семејството заедно. Јас сум дете на разведени родители, но никогаш во лоша смисла не им вратив за тоа. Не можам да го избришам фактот дека сум останала без голема љубов во војна… Тоа се големи трауми, додаде Анабела.
-Кога таа волшебност исчезна, ти и понатаму си останала во врска, се надоврза Сања.
-Заради тоа се чуствувам лошо сега и заради тоа се мразам себе, се гадам самата од себе и се трудам да го надминам. Се трудам многу и во секоја врска сум имала проблеми заради тоа. Кога почна лошото случување во нашиот брак, го молев Бога да не дојде ни до бакнеж, ни до нежности.. Го молев Бога со детето да спиеме заедно, а он во друга соба. Читав книги, живеев живот на јунак од романи, гледав серии, филмови.. Денес, за се што сум изгубила во тие најубави години, утеха најдов во Луна. На крај ни тоа не испадна како што треба, повторно низ солзи говори Анабела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.