“Зарем планината ќе ми го одземе и синот?”: На истото место каде ја изгубил својата сопруга, по 24 години исчезнало и нивното дете

30-годишниот Британец Том Балард исчезнал минатата недела на планината Нанга Парбат во Пакистан заедно со 42-годишниот Италијанец Даниел Нарди.
“Ова ме враќа во деновите кога погина мојата сопруга и мајка на Том на истиот планински ланец во 1995 година. Кога објавија дека исчезнале, немаше хеликоптери и никој не можеше да стигне до базниот камп на К2. Сепак, истиот ден се заангажираше и пакистанската војска која испрати луѓе во потрага”, раскажал таткото Џим Балард.

Температурите на овој втор највисок врв на светот се движат околу -40 Целзиусови степени со ветрови со брзина од 190-320 км/ч. Џим е свесен дека мали се шансите неговиот син да биде пронајден жив.
Нанга Парбат е деветта највисока планина на светот со 8.126 метри надморска височина. Позната е и како “планина убиец” бидејќи се смета за трета најсмртоносна планина за аплинистички качувања по Анапурна и К2.

“Тоа е како да барате игра во пласт сено”, вели очајниот татко. Иако почетните планови за спасување биле стопирани поради конфликтот на границата помеѓу Индија и Пакистан, подоцна биле испратени два хеликоптери во потрагата. Но и наспроти малите шанси, Џим не се откажува.

Том Балард исчезнал на истиот планински ланец на кој пред 24 години погинала неговата мајка Алисон Харгривс, легендарна планинарка и прва жена која сама се искачила на Монт Еверест и тоа без боца со кислород, на 13-ти март 1995 година. Но, возбудата поради нејзиниот успех кратко траела – три месеци подоцна, таа се искачила и на вториот највисок врв на светот, К2 во Пакистан, а кога се спуштала низ планината, погинала во олуја која одненадеж се подигнала на планината.
Алисон погинала заедно со уште пет алпинисти, на 33-годишна возраст. Со својот успех на Еверест, таа во 1993 година била и првата жена која сама во една сезона се искачила на сите шест северни “лица” на Алпите.
Нејзината смрт не го спречила Том, кој имал шест години кога неговата мајка починала, да продолжи по нејзините стапки. Иако никогаш не се искачувал со Алисон, се зборува дека таа била во шестиот месец од бременоста со него кога се искачила на опасната северна страна на Ајгер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.