Захариева: Нема зошто 7 октомври да биде прифатен за заедничко чествување на Гоце Делчев

По средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во Софија вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека пред два дена имаше состанок на историската комисија со Македонија на која не беше постигната согласност околу личноста на Гоце Делчев.
-Нема зошто датумот 7 октомври да биде прифатен за заедничко чествување. Заедничка цел е и желба на двете влади е до крајот на годината оваа историска комисија да постигне поголем напредок.
Како што информираат од МНР во рамките на програмата на Меѓувладината комисија предвидени се средби на хомолозите од ресорите економија, одбрана, локална самоуправа, образование и наука и транспорт и врски. Ќе се разговара за постигнатиот напредок во соработката во овие области, по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Исто така ќе се разговара и за идните активности и проекти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.