петок, 27 ноември 2026
Најново

Захарова: Европа се движи кон самоуништување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Европа се движи кон самоуништување, кое, како што рече таа, е поочигледно од кога било.

„Доколку немаше потврда пред некое време, кога зборуваа за тоа дека Европа е турната кон самоуништување, вклучително и преку конфликти со нејзините азиски или евроазиски соседи, можеби некој би рекол дека тоа не е очигледно. Денес не може да биде поочигледно“, изјави Захарова за „Спутник“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според неа, падот на Европа може да се види преку големите воени буџети и милитаризацијата, осиромашувањето на западноевропските економии, губењето на културните референтни точки и поддршката за сопствената историја, како и преку монструозната миграциска криза, објави „РИА новости“

Поврзани вести