Заљуби се во некој што ќе ти ја сака душата повеќе од телото

Заљуби се во некој што ќе те сака безусловно. Кој ќе ги прифати твоите маани, недостатоци и ќе направи да се чувствуваш вредно. Во некој кој ќе се бори за тебе и покрај сите бури и неволји. Со некој што ќе разговара со тебе и по вашата расправија.Кој ќе ти помогне да бидеш добро.
Заљуби се во некој кој ќе ги цени твоите напори и кој ќе те поддржува во постигнување на твоите цели и соништа. Во некој што ќе биде се уште со тебе до крајот на денот, кој ќе патува со часови само за да ја види твојата насмевка. Кој секогаш ќе биде со тебе , без оглед на се.


Заљуби се во некој кој ќе те бакнува секој пат кога ќе те види и ќе направи да с ечувствуваш најзначајната личност на светот. Кој ќе направи да почувствуваш силен излив на чувства одвнатре. Кој ќе ти се јавува пред да заспиеш, и ќе ти напише прекрасни пораки кога ќе се разбудиш.
Заљуби се во некој кој ќе ти биде најдобар пријател и љубовник во исто време. Кој ќе остане до касно со тебе и ќе разговара за разни работи. Кој ќе го потроши остатокот од денот со тебе, смеејќи се и играјќи со тебе. Кој нема да с еизмори да те држи за рака, и да им покаже на сите колку те сака.
Заљуби се во некој кој ќе ти простува цело време. Кој ќе те стави на прво место пред своето хоби, работа и било што друго. Кој ќе ти го исполни секој момент со небесен сјај. Кој ќе ги одржи ветувањата кон тебе. Кој ќе те почитува тебе и твоите одлуки.
Заљуби се во некој кој ќе ти ја сака душата повеќе од телото. Кој ќе ги отстрани твоите грижи, солзи и сомнежи.Кој нема да се измори разбирајќи те. Кој ќе направиу да се чувствуваш среќно. Кој нема да престане да те восхитува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.