Бела Хадид денеска на својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои позира на снегот облечена само во бикини.Како што наведува во објава на Инстаграм, фотографиите се направени на 1 јануари годинава. Имено, 28-годишната манекенка на овој начин сакала да рекламира свилена марама од својата колекција.„Облечете се во природа и љубов, каде и да талкате оваа зима. Хидратантни мириси и свилени ткаенини за вашата замрзната кожа“, изјави манекенката. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)За таа прилика се одлучи за црвено бикини и пар каубојски чизми, но покрај новата содржина сакаше да сподели и нова промоција на страницата на нејзиниот бренд Оребела. Свилениот шал одреден период ќе биде бесплатен и достапен со секое купување на нејзините парфеми.“Ги ставив на мојата чанта, околу вратот, преку појасот. Опседната сум со нив. Се надевам дека ќе ги сакате исто како и јас. Ова е едно од моите омилени специјални парчиња што ги направивме.” Бела рече за нејзината колекција свилени марами.Потсетуваме дека на крајот на септември Хадид се врати на модната писта за прв пат по две години за време на модната недела во Париз. Таа беше една од моделите на ревијата на Сен Лоран, каде беше претставена женската колекција за пролет-лето 2025 година. После тоа, таа се појави на ревијата на Викторија Сикрет во Њујорк и како специјален гостин на повторното отворање на бутикот Chopard во Дубаи.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.