За владата летување во странство е луксуз – Владината тајно готви просечна кошничка

Летување во странство за Владата е луксуз и дефинитивно ќе го нема во пресметките во владината просечна потрошувачка кошничка. Дали ќе се пресметува барем трошокот за седумдневен одмор во Дојран, кој го има во  минималната кошничка на Синдикатот, заменик-министерот за економија, Ристески без конкретен одговор.

„Нашата просечна сигурно нема да користи во пресметките акцизни стоки како што се алкохол, цигари, летување во странство, бидејќи тоа го сметаме за луксуз. Никој не го скратува одењето на одмор , но сепак одењето во странство на одмор мислам дека тоа секој граѓанин во Република Македонија во зависност од својот стандард, личен стандард и можности може да си го обезбеди или не, меѓутоа сметаме дека не е еден од податоците кои треба да влезат во пресметувањето на просечната потрошувачка кошничка“, вели Марјан Ристески.

Просечната потрошувачка кошничка е готова и ќе се објави наредната недела. А до крајот на месецов треба да помине и на Економско-социјалниот совет. Она што се знае е дека наместо за четиричлено, ќе биде за тричлено семејство. Нема да има место за акцизни стоки, како цигари и алкохол и за несезонски овошја и зеленчуци. Ристески не открива детали. Вели кошничките до сега биле наменети за политиканство, а со новата ќе се штител стандардот на граѓаните.

Економистите сметаат дека таа треба да произлезе од официјалните податоци на Статистика.

„Потрошувачката кошничка треба да се креира структурно врз основа на официјална статистика. Официјалната статистика е во Државниот завод за статистика и од таму треба да произлезе“, вели Марјан Петрески.

Детали дали ќе има конзервиран или замрзнат грашок, лименка од 200 грама нескафе или граѓаните можат и без тоа, дали ќе пијат 13 литри млеко или помалку, Ристески не открива.Инаку, измени во кошничката побара лично премиерот Мицкоски, по економско-социјалниот совет, кој се одржа во февруари зошто во кошничката на Синдикатот  имало чудни производи. Тој лично во јануари не јадел овошје како, цреши, кајсии, праски, а не испил ниту лименка нескафе од 250 грама. За министерката за финасии Кочоска пак беше спорен грашокот-зошто бил во конзерва, а не замрзнат. Но и 13 литри млеко месечно- бидејќи таа толку не трошела.
Државниот завод за статистика престана да ја објавува кошничката во  2011 година. Од тогаш ССМ пресметува минимална синдикална кошничка.

Пронајдете не на следниве мрежи: