За градинките во Скопје утре е работен ден 

Утре, 7 мај ќе биде работен ден за градинките на територијата на Скопје и истите треба да се организираат непречено да ја извршуваат својата функција, соопштија од Министерство за труд и социјална политика.
Од таму потсетија дека, согласно последните организациски проценки поврзани со протоколот за посетата на папата Франциск, и согласно потребите и барањата на институциите и граѓаните, Владата донесе одлука утрешниот ден, 7 мај, да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Скопје. Со одлуката се опфатени основните и средните училишта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.