За Груевски 1 ипол година затвор, а за Миле Јанакиески условна казна

За Груевски 1 ипол година затвор, а за Миле Јанакиески условна казна

Судот ги прогласи за виновни обвинетите во случајот за нарачаните шамари во Центар.

Првата казна за Миле Јанакиески е условна. Една година затвор му се заменува со слобода доколку во следните четири не го повтори делото.

Условни казни добија и останатите обвинети, Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Трајче Петковски и Игор Бошковски.

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе ја обжали ваквата пресуда. Вели дека е задоволна само од фактот дека обвинителството ја докажало вината на обвинетите.

„Обвинетиот Никола Груевски, Миле Јанакиески, Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Трајче Петковски, Игор Бошковски виновни се…“. Шамарите во Центар паднаа во 2013 година, во текот на насилните протести пред општината. Според обвинението кое првично го поднесе Специјалното јавно обвинителство, Груевски преку Јанакиески сакал да ја спречи седницата на Советот за смена на ДУП-от со други градби за Мал ринг.

Процесот траеше 4 години. Обвинителството се откажа минатата недела од гонење на Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.