За добар почеток на денот: Рецепт за највкусното смути со лимон

Потребни состојки:
1 шолја бадемово млеко
сок од половина лимон
2 банани или јагоди, по избор
1 лажица мед
сецкани бадеми или ореви за декорација, по желба

Начин на подготовка:
Ставете ги бананите и млекото во блендер и добро измешајте. Потоа додадете ги останатите состојки и уште малку измешајте.
Смесата истурете ја во чаша и по желба, декорирајте со малку сецкани бадеми или ореви.

Пронајдете не на следниве мрежи: