За Задушница ЈСП ќе пушти повеќе автобуси кон Бутел

Во пресрет на верскиот празник Задушница, утре, петок (1.11.2019 година) и во сабота (2.11.2019 година), на редовните линии 59 (Карпош 3-Кучевишка бара/Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, соопштија од ЈСП Скопје.
Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk.
Дополнителни информации можат да се добијат во Диспечерски центар на 3173-224.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.