За Ивчева ВМРО-ДПМНЕ беше гробари на Македонскиот народ, а денеска жестоко ги брани нивните ставови

Наталија Ивчева е како што можеме да слушнеме и прочитаме политики аналитичар. Што всушност значи терминот политичи аналитичар? Политички аналитичар е аналитичар и коментатор на политичите и општествените збиднувања во земјата и светот. Најчесто политички аналитичари се луѓе како политиколози, социолози, филозофи, историчари, правници, економисти или новинари. Политичките аналитичари се луѓе кои најчесто се движат во академски, медиумски и политички кругови. Во Македонија во последно време се изродија многу аналитичари со или без овие квалификации.
Наталија Ивчева е политиколог и може да се каже дека на некој начин одговара на описот на еден политички аналитичар, но она што исто така го карактеризира аналитичарот е и моралот како особина и цврсто стоење на искажаните ставови што може да се забележи дека таа не покажала цврстина во истите. Ивчева својата политичка кариера ја започнува во партијата ДА зачленувајки се во 1998 година, потоа од 1999 година па се до 2004 членува во Вмро-Дпмне, од таму се сели во ДРУМ па до 2006 година е потпретседател на истата и е носител на листа во И4 и на изборите освојува 150 гласа, во 2007 година повторно се враќа во ВМРО-ДПМНЕ и таму останува до 2010 година, за да веднаш потоа премине во партијата на Љубе Бошковски-Обединети за Македонија и во истата се задржи до 2012 година. Честите промени на политичките партии резултираа со повторно враќање во ВМРО-ДПМЕ па во 2012 година се враќа назад, таа денеска е сопственик на порталот Инфомакс па може да се каже дека не само што е политички аналитичар, Ивчева е и новинар во својот портал и колумнист во истиот.
Како потсетување за тоа што Ивчева зборуваше некогаш за владеачката Вмро-Дпмне во одбрана на тогашниот претседател на Обединети за Македонија-Љубе Бошковски:
Го ставивте г. Бошковски во затвор и мислите дека завршивте голема работа. Напротив покажавте и потврдивте дека овој случај е политички монтиран и дека се плашите од г.Љубе Бошкоски.Вчера судството под капа на Власта ја уби демократијата, згази по човек кој целиот македонски народ го бранеше 2001 година, а вие, господа од Власта, сте и ќе бидете запаметени како гробари на македонската држава и народ.Ќе одговарате за злоупотреба на власта, за политички рефаншизам, за уништување на политичари, политички субјекти, новинари, медиуми сите кои ви стојат на патот и ви ги разоткриваат криминалите, преку употреба на сите државни механизми кои ги имате на располагање и кои неправно ги употребувате против нив, а само со една единствена лична цел и остварување на болните амбиции и желба за вечно владеење.Отровните стрели на вашето владеење навистината многу ќе ве болат, а од товарот што го носите тешко ќе се одбраните и не заборавајте пресудата за вас ќе ја донесе народот од таа пресуда поголема е пресудата од Господ која набргу ќе ја добиете.Од формирањето на Обединети за Македонија и политичката активност на г. Љубе Бошковки, раководството на ДПМНЕ немаа мирен сон, од денес нема да имаат ни мирен Ден.
Ивчева им порача на Вмро-Дпмне дека нема да имаат мирен сон ниту пак мирен ден, за да подоцна и самата посака да биде дел од оние кои таа ги нарекуваше „Гробари на македонската држава и народ “ и дел од оние на кои  им порачуваше дека пресудата за нив ќе ја донесе народот и дека единствена поголема пресуда од народот е Господовата пресуда.
Ивчева како интелектуалец, аналитичар и поклоник на Исус Христос се служеше и со заканувачки смс пораки упатени до сопругата на Љубе Бошковски: „Ќе ги потрошам за да ве уништам. Сега си заслужи се што имам документи за Љ да ги обелоденам. Господ да ви е на помош“ – стои во пораката.
Сопругата на Љубе Бошковски ја обвини Ивчева дека земала 100.000 евра од вмро-дпмне за да ја распадне партијата Обединети за Македонија и да премине во Дпмне.
Ивчева некогаш жестоко реагираше и го критикуваше Сашо Мијалков (екс директор на УБК) па во  Антикорупциската комисија достави  документација за сомневањата што ги објави Љубе Бошкоски. Документите, како што тогаш  изјавуваше Ивчева, претставуваат докази во однос на нивните сомневања дека од Македонија се изнесуваат огромни суми пари во Чешка во организација на Мијалкови, премиерот и други државни институции.
Денеска Ивчева е член на Вмро-Дпмне (партија за која велеше дека е гробар на македонскиот народ) и беше делегат на неодамнешниот конгрес кој се одржа во Куманово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.