За Мијалков се уште нема куќен притвор

Некомплетна документација е причината Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје вечерва да соопшти дека во случајот на Специјалното јавно обвинителство именуван „Империја“ барањето притворот на Сашо Мијалков да не може да се замени со куќен притвор.
-Во однос на предлогот за укинување на мерка притвор и предлог за определување мерка куќен притвор со мерки за претпазливост во случајот од обвинителството означен како „Империја“, од страна на судија на претходна постапка е утврдено дека не е комплетен и е вратен на доуредување кај најдлежниот обвинител, а по добиен уреден предлог судот веднаш ќе донесе решение, наведоа од судот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.