За оваа приказна зборува светот: Се заљубила во бездомник кој ѝ го променил животот

Британката Кејти Никол го запознала својот партнер Џон Хонс додека бил бездомник. Таа вели дека тоа било моментна хемија.
-Веднаш се „споивме“, изгледаше така искрено… Нашата врска стана многу, многу силна. Секој ден се смееме, цело време, раскажува Кејти, која инаку е разведена и мајка на две деца.
Секој ден излегувала и седела со него на плажата во близина, каде што тој обично бил близу локалната сладоледџилница. Наскоро почнале да си разменуваат и љубовни пораки.
Приказнава меѓу првите ја обелодени британскиот фотограф Крис Фрир.
Хонс (31) ѝ пишувал песни на Кејти, а таа во повеќе наврати го канела на вечера. За три месеци, тие и „официјално“ биле во врска. Со помош на својата седум години постара девојка од Гримзби, тој нашол и работа, а и не е веќе бездомник. Двојката е заедно веќе осум месеци.

Додека бил бездомник, Џон еднаш имал просјачки картон на кој пишувало: „Нејзиниот адвокат беше подобар од мојот”. Тоа значи дека станал бездомник откако минал 2,5 години в затвор. Бил осуден за напад врз човекот што го фатил в кревет со неговата поранешна девојка.
Тоа не ѝ пречело на Кејти. – Кога тој првпат влезе во мојот дом, веднаш почувствував дека можам да му верувам, вели таа.
Кејти му помогнала и да се одвикне од дрогата. Џон вели дека засекогаш ќе ѝ биде благодарен за сè што направила за него.
-Сонував за ова кога спиев на плажата, и знаев дека нема вечно да бидам таму, истакна тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.