За овие 15 работи никогаш не се извинувајте

Ние како луѓе често се извинуваме затоа што навистина премногу се грижиме за мислењето на другите или затоа што мислиме дека тоа е правилно. Толку многу сме навикнати да се извинуваме што понекогаш тоа ни доаѓа по автоматизам. Ова се 15 работи за кои апсолутно никогаш не треба да се извинувате.
1.Не се извинувајте за своите несовршености (и внатрешни и надворешни). Секој од нас има многу доблести и мани, но тоа е она што нѐ прави уникатни.
2.Не се извинувајте што сте избришале луѓе кои само го труеле вашиот живот, без оглед на тоа колку долго и колку добро сте ги познавале.
3.Не се извинувајте за тоа што сте станале малку повнимателни од порано.
4.Не се извинувајте за своите грешки и неуспеси: вие сте тие кои се осудиле, обиделе и направиле нешто, а некој друг воопшто не се ни осмелил да почне. И кој е добитникот тука?
5.Не се извинувајте за тоа што повеќе не можете да ги сакате оние кои ви нанеле болка.
6.Не се извинувајте за тоа што сте им верувале на погрешните луѓе, затоа што тоа било болна, но и неопходна лекција.


7.Не се извинувајте за тоа што славите нешто што не е којзнае колку важно во очите на другите, затоа што не мора секогаш да прославувате големи работи.
8.Не се извинувајте за искажаната вистина.
9.Не се извинувајте што ги искажувате сопствените чувства и што не ги криете.
10.Никогаш не се извинувајте за постапките на друг човек.
11.Не се извинувајте за своите мислења.
12.Не се извинувајте ако одбиете некого: тоа е ваше право на избор.
13.Не се извинувајте за својата љубопитност и за тоа што не престанувате да се интересирате за работите кои ве опкружуваат, за предмети, за луѓе и случување, за тоа што не престанувате да поставувате прашања и да барате одговори за нив.
14.Никогаш не се извинувајте за тоа што останувате верни на својот сон.
15.Не се извинувајте за тоа што се борите да бидете она што сакате да бидете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.