За оние кои многу пијат кафе, а водат сметка за здравјето, ова е одлична вест

Многу се пишува за тоа колку е кафето добро или штетно по нашето здравје.
Тешко е да се замисли почетокот на денот без утринско кафе, а и дружењето со пријателите додека се раскажуваат најновите случки од животот е послатко со овој црн напиток.
Новото истражување објавено на Универзитетот во Хонгконг открило дека оние кои почесто консумираат кафе имаат посилни коски.


Истражувањето, во кое учествувале повеќе од 500 возрасни луѓе, покажало дека овие лица имаат поголем процент на минерали во коските, што ги прави посилни, а и помалку подложни на кршење на коски при падови.
“За лицата кои многу пијат кафе, а водат сметка за своето здравје, ова е одлична вест. Кафето е генерално добро за коските. Кога некој следен пат ќе ви приговори што премногу пиете кафе, повикајте се на истражувањето кое зборува за неговото позитивно дејство”, рекол Чед Дил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.