За паметење: Зборови кои лекуваат

Си бил еден светец кој шетал и додека поминувај покрај едно мало село, му пришла една расплакана жена која го молела да му помогне на нејзиното дете.
Отишол во селото и околу него се собрала група луѓе, затоа што ретко се гледале такви луѓе во селото. Му го донеле болното дете, а тој над него изговорил една молитва.
Еден човек рекол: „Зарем навистина мислиш дека твојата молитва ќе му помогне кога ни докторите не можеа да му помогнат?“


А светецот му рекол: „А што знаеш ти за овие работи? Ти си една обична будала!“
Човекот многу се налутил и одеднаш неговото лице поцрвенело и тој почнал да се тресе.
Во моментот кога сакал нешто да му каже и да го нападне светецот, светецот му пришол и му рекол: „Ако еден збор има толкава сила да направи да бидеш толку лут и да се тресеш од лутина, зошто некој друг збор не би имал моќ да излечи?“
И така тој ден светецот излечил двајца луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.