За поголемо уживање казнете го партнерот

Многу мажи и жени се возбудуваат кога партнерот при сексуалниот чин ги удира по задникот. Возбудливо во целата работа е чувството на надреден и подреден. Најчесто мажот сака да ја покажува својата доминантност, што не значи дека и жените не сакаат да ја имаат контролата во свои раце. Но, за одлична предигра најважно од се е казнувањето да не биде болно!

Мачење за непослушниот
Ако важиот партнер бил непослушен – време е за казна. Чекајте го да се врати од работа облечена во долна облека. Објаснете му дека морате да го казните и само доколку добро ги извршува наредбите ќе му биде простено. Наредете му да се соблече, да ве бакнува, да се допира, да лази… Се е дозволено, ама баш се што во моментот ќе ви текне.

Казнете го со удирање по задникот
По мачењето следува вистинската казна. Натерајте го да легне на вашите колена, додека вие не премногу силно ќе го исплескате по задникот. При тоа направете сериозна фаца и заканете му се дека не смее никогаш да дозволи да ја повтори грешката. Во спротивно ќе се соочи со поголеми последици. Бидете внимателна, целта не е да го понижите партнерот.

Казнете го и по другите делови
Казната можете да ја пренесете и по другите ерогени зони. Со прстите затнувајте му ја устата, силно бакнувајте го и нежно грицкајте му ги усните. Тегнете му ги брадавиците со раце и уста. Ви остана уште пенисот. Играјте си со него на малку подив начин.

Употребете некое помагало
Во секс шоповите има се и сешто. Но ако не сте тип кој се пали на лисици и камшици искористете го тоа што го имате дома. Земете некоја врвка или уште поубаво марама и искористете ја како камшик, а подоцна врзете го за кревет или стол. Така, сепак, ќе ја задржите својата нежност, а тој нема да остане со последици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.