За помалку од 24 часа нов масакар во САД

Пријавено е ново масовно пукање, овој пат во Дејтон, Охајо, при што локалните медиуми јавуваат дека најмалку 10 лица се повредени. Известувањата доаѓаат помалку од 24 часа по пукањето во Ел Пасо во кое загинаа 20 лица. Пукањето е пријавено на подрачјето на East 5th Street во округот Орегон во Дејтон.
Прелиминарните извештаи велат дека стрелецот е неутрализиран од страна на полицијата, и е во притвор или е мртов. Снимките наводно направени на местото на настанот покажуваат силно присуство  на полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.