За постелнината да биде уште помека: Додајте ги овие две намирници во машината за перење

Доаѓаат постудени денови кога нема ништо поубаво од гушкање во кревет и завиткување во мека и миризлива постелнина.

За да биде постелнината мека и свежа, особено ако во текот на летото долго стоела во плакарот, може да ви помогне едноставен трик споделен од една мајка на TikTok, а кој го погледнале над 20 илјади луѓе.

Тајната на совршената постелнина е во две состојки кои најверојатно веќе ги имате во вашето домаќинство: сода бикарбона и оцет.

Постелнината треба да се измие во машина за перење со мешање на прашокот за перење со половина шолја сода бикарбона, а наместо омекнувач, во машината истурете половина шолја алкохолен оцет.

Содата бикарбона во оваа комбинација природно ќе ја осветли постелнината и ќе ѝ даде свеж мирис, додека оцетот ќе ја омекне.

@mama_mila_
That clean, crisp sheets feeling #cleaninghack #bedroomsoftiktok
♬ original sound – Chantel Mila

Пронајдете не на следниве мрежи: