За само 24 часа починаа 168 лица: Состојбата со коронавирусот во Италија алармантна- еве каде има најмногу заразени

Бројот на починати лица од коронавирусот во Италија нарасна на 631, што сметано од синоќа претставува зголемување за 168, јави дописникот на МИА.
Бројот пак на заразените лица со новиот вирус достигна 10.149.
Овој раст според епидемиолозите е голем, имајќи во предвид дека вчера бројката на заразени беше 9.172. Исто така бројот на пациенти кои се на интензивна нега од 733 се зголеми на 877.
И натаму најмногу заразени има во областа Ломбардија.
Поради неконтролираното ширење на Ковид-19 италијанските власти од вчера прогласија карантин на целата територија на државата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.