За физички и ментален детокс, откажете се од овие работи

Се вративте од годишен одмор и очекувате да сте одморени, меѓутоа и понатаму се чувствувате нервозно, незадоволно и немате доволно енергија? Многу е веројатно дека ги немате исфрлено од вашето секојдневие следниве неколку работи, кои всушност секојдневно ве демотивираат и заморуваат.
1. Слатки


Освен што ја менуваат бројката на вагата, слатките се одговорни за многу процеси кои се случуваат во нашето тело. Шеќерот е еден од главните причинители за појава на акни и нечистотија на кожата општо, но и заморот од кој никако не можете да се ослободите колку и да спиете. Откако ќе ја намалите консумацијата на слатки и јаглени хидрати, по само неколку дена, ќе почувствувате промена и ќе добиете енергија за која не сте знаеле дека ја поседувате.
2. Несакани личности на социјалните мрежи


Иако постојано ве нервираат, вие и понатаму ги следите луѓето кои не ги поднесувате и така од ден на ден се полните со лоша енергија. Понекогаш и самите на себеси си станувате непосакувана личност, поради сите овие совршено истренирани тела, кои ја бомбардираат вашата почетна страна на одредена социјална мрежа. Ставете крај, престанете да ги следите луѓето кои ве нервираат или прават лошо да се чувствувате и посветете се на работа на себе и својата личност, која се споредува само со себе и своето минато, а не со другите.
3. Негативна енергија


Иако не станува збор за физички работи, негативната енергија е причинител за сите негативни емоции кои ги чувствуваме. Просторот во кој го поминувате најголемиот дел од времето, освежете го со есенцијално масло од лаванда, задолжително одржувајте го чист и уреден, а во слободно време посветете се на медитација и читање на мотивациони книги.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.