За што може да ви послужи сода бикарбоната во вашата градина?

Сода бикарбоната е состојка што ја има во секој дом и може да се користи за многу нешта, вклучувајќи ја и грижата за вашите растенија.
Можеби досега сте ја користеле сода бикарбоната за чистење и разни други трикови, но сте помислиле ли како може да ви послужи и во вашата градина?
Вo продолжение погледнете неколку употреби на оваа состојка за вашите растенија:
Еколошко средство против габи


Во комбинација со сапун, сода бикарбоната може да го спречи растењето на габите на некои растенија.
Во шишенце со распрскувач измешајте вода, 1-2 лажици сода бикарбона и околу половина лажица течен сапун. Потоа само напрскајте ги растенијата со растворот.
Имајте на ум дека бидејќи ова е природно средство, ќе треба да почекате неколку денови за да ги видите ефектите.


Заштита од инсекти
Некои бубачки можат навистина да ги оштетат вашите растенија, но сода бикарбоната ќе ви помогне да го решите и тој проблем.
И овојпат ќе ви послужи истиот раствор од вода, сода бикарбона и течен сапун.
Средство против мравки
Сода бикарбоната е смртоносна за мравките, но тие знаат да ја избегнуваат. Затоа, направете мешавина од шеќер и сода бикарбона во однос 1:1 – на овој начин мравките ќе бидат привлечени од шеќерот и нема да ја забележат содата.
Потоа само нанесете од мешавината на местата каде што се појавуваат мравки.
Проверка на квалитетот на почвата


Експертите велат дека најдобрата почва за растенија е онаа што не е ниту многу кисела, ниту многу алкална. За да откриете каква е почвата во вашата градина, направете го следново:
-Исечете малку црвена зелка и оставете ја да врие во тенџере со вода.
-После 10-тина минути исцедете ја водата во сад. Ќе забележите дека водата има виолетова боја и важно е да знаете дека е рН неутрална.
-Потоа ставете ја водата во две одделни чаши. Во една додајте оцет – водата ќе стане темно розова поради киселоста. Во другата додајте сода бикарбона – водата ќе стане сина или зелена поради алкалноста. Бојата на водата во овие чаши е за контрола, односно споредба. Ако ги запомните боите, следниот пат не мора да правите вода за контрола.


-Во друга чаша додајте малку од водата од зелката и 2-3 лажици од почвата што сакате да ја тестирате. Почекајте половина час.
Ако водата стане темно розова, како онаа во чашата со оцет, тогаш почвата е многу кисела. Ако водата стане сина или зелена, како во чашата со сода бикарбона, тогаш е многу алкална. Ако, пак, водата не ја промени бојата, тогаш почвата е со добар квалитет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.