Збогум за едно од најпознатите кученца на светот

Едно од најпознатите кученца на светот, Бу, починало вчеравечер во сон, објави неговата сопственичка Ајрин Ан на Фeјсбук.
Најслаткиот померанец на светот угинал на 12 години, а причината за смртта, како што наведува сопственичката, е буквално скршеното срце откако Бу се разболел во 2017 година кога угинало кученцето Бади, неговиот најдобар пријател.
Бу на Фејсбук беше попопуларен од многу светски ѕвезди и имаше речиси 17 милиони следбеници. Симпатиите во светот ги освои поради својата фризура, фотогеничност и одличните фотографии кои неговата сопственичка редовно ги објавуваше на интернет. Го обожуваа и децата и возрасните, а со текот на времето поради својот изглед, померанецот стана бренд.


Поради неговата фризура, Бу беше поинаков од останатите померанци, па затоа многумина мислеа дека станува збор за посебна раса на кучиња. Илјадници сопственици на померанци ширум светот ја копираа неговата фризура, но никогаш не се појави куче кое ја достигна неговата слава.
“Драги пријатели, со најдлабока тага ве известувам дека Бу почина ноќеска во сон и му се придружи на неговиот најдобар пријател Бади. Сигурни сме дека токму тој го дочекал од другата страна на виножитото”, стои во објавата на неговата сопственичка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.