Зборовите на познатиот психијатар кои допираат до секој човек: „Живееме во време на глупости“!

Мислите на познатиот италијански психијатар Виторино Андреоли предизвикаа големи полемики. На многумина не им се допаднаа неговите размислувања за луѓето, но има и луѓе кои се согласуваат со него и се поклонуваат пред неговата храброст. Во која група припаѓате вие?
„Живееме во општество во кое доминираат фрустрации. Главното чувство е дека сме исклучени, несигурни, се плашиме. На тој начин, фрустрациите се натрупуваат, а тоа се претвора во бес. А што ни носи бесот? Желба да уништиме сѐ. Нашето време не е насилно, туку деструктивно.
Тоа ја убива надежта и довербата и ја промовира самотијата. Живееме во време на глупости. Нерационалноста се истакнува. Апсурдот доминира. Нема чувство за морал. Во овој историски момент во кој доминира апсурдот ние сме „homo stupidus stupidus stupidus”. Секој мисли само на себе. Никој не мисли дека сме Држава. И тоа е глупаво. Ако денес некој не е глуп, тој не може да живее во ова општество.“


Тој исто така ја истакнува најголемата грешка на феминизмот од 70 години на минатиот век, а грешката е во тоа што мажите биле исклучени од тој бран.
И зошто тој вели дека само глупаците можат да бидат среќни?
„Денес многу се зборува за среќата, но среќата е индвидуална работа. Тоа е позитивно, пријатно чувство кое ти припаѓа само на тебе. Радоста од друга страна е состојба која се однесува на нас: јас со некој друг. И ние можеме да почувствуваме радост како поединци, но секогаш се однесува на група. Денес само глупаците можат да бидат среќни. Ние сме дел од едно многу сложено општество, затоа што тоа општество не ја зема предвид состојбата на другите луѓе. Како да бидеш среќен кога секојдневно гледаш луѓе како страдаат?“


На прашањето кои се господарите на денешницата, тој вели:
„Економијата зависи од 20-25 луѓе. Повеќето од нас кои сме „Никој и ништо“, живееме тешко, додека останатите не знаат да живеат затоа што имаат премногу. Земето го Марк Закерберг за пример. Обрнете внимание на него, тој изгуби 100 милијарди долари за еден ден. И знаете што рече? „Тоа за мене е ништо.“ Ете така станувам несреќен и малку лут.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.