Зделката за која Финансиска води истрага е тешка 1,5 милиони евра

Во Делчево се давале парцели на подарок, кои потоа биле продадени на ЕВН за нерални цени. Според достапните инфомации ваков расплет добива истрагата на Управата за финансиска полиција во случајот со купените парцели на ЕВН за градење на фотоволтаици за производство на струја од сончева евергија. Во целата шема биле вклучени, неколку лица од Делчево кои наводно на подарок добивале земјишта од  жители на околните села на кои всушност им исплатиле пари во кеш. Овие лица за да ги добијат парцелите дале околу 20.000 евра. Потоа земјиштата ги продале на ЕВН Електрани и тоа за сума која надминува 1,5 милион евра. Дознаваме дека продажбата на земјиштата на лицата од Делчево кон ЕВН се случила во изборна кампања и во самиот изборен процес, а токму поради ова истрагата се води во насока на докажување дали овие пари биле искористени и за финансирање на политички активности на локалните избори.

Од владејачката партија СДСМ, прапшуваат дали парите биле нелегално искористени за финанисирање на изборната кампања на ВМРО ДПМНЕ, по вчерашниот претрес во домот на вработен во ЕВН, Раде Јаулески, чиј син е пратеник на ВМРО – ДПМНЕ.

„Дали таткото на Јаулески учествувал во нелегално финансирање на политичка партија за што Управата за финансиска полиција врши предистрага? Дали парите од препродажбата завршиле во ВМРО-ДПМНЕ па затоа оваа партија веднаш се стави во заштита на Јаулески и неговиот татко?“

Прашавме во ВМРО – ДПМНЕ дали ќе ги коментираат обвинувањата на СДСМ. Оттаму прават паралела со случајот за македонските пасоши издадени на криминалци кои се барани од Интерпол.

„ВМРО – ДПМНЕ не е истражен орган и не поседува такви информации поврзани со темава. Тоа е исто како да го прашаме Оливер Спасовски и Зоран Заев били ли добри домаќини на Седат Пекер или водачите на Шкаљарскиот и Ковачкиот клан кои поседуваат македоснки пасош.“

Вчера припадниците на финансиската полиција вршеа претрес на повеќе локации во Скопје и во Делчево. Одземени се мобилни телефони и компјутери, преку кои ќе се утврдува за поврзаноста на сите евентуално инволвирани лица во случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.