ЗДРУЖЕНИЕТО „ДИВАН“ ЗАПОЧНА СО ПОДГОТОВКА НА НОВА КНИГА „АНТОЛОГИЈА НА ПОЕЗИЈАТА МОСТОВИ НА ПРИЈАТЕЛСТВО“

Со подршка на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) Здружението Диван кое со години работи на промоција и афирмација на културните вредности на граѓаните, особено на писателите припадници на заедниците започна со реализација и подготовка на нова книга „Антологија на поезијата Мостови на пријателството”.
Од „Диван“ посочуваат дека: „Книжевноста е многу значајна и е најдобар медиум за пренесување на универзалните пораки за љубов, мир, разбирање и почитување меѓу луѓето. Со оглед на фактот што писателите припадници на заедниците, особено Бошњаците се среќаваат со потешкотии во
објавувањето на книги на свој мајчин јазик, а и многу често делуваат изолирано во својата заедница одлучивме да направиме проект преку кој ќе ги зближиме писателите од различни заедници кои пишуваат на различни јазици.“
Во изминатиот период Здружението „Диван“ објави четири збирки поезија Мостови на пријателство (1, 2, 3 и 4) кои имаа значаен успех и промоции, а истите со години се делат во нашите училишта каде многу малку или воопшто нема литература на јазиците припадници на заедниците. Со проектот се планира книгата да биде дарувана на училиштата и учениците од
мултиетничките средини.
На овој начин во една антологија со која се популаризира пишаниот збор, ќе се слави поезијата, но се зајакнува инклузивноста и поврзаноста меѓу луѓето, нивното подобро запознавање и разбирање.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.