четврток, 26 ноември 2026
Најново

Зелениот автомобил „Бритиш лејланд мини” на Мистер Бин ставен на аукција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Зелениот автомобил „Бритиш лејланд мини” којшто комичарот Роуан Еткинсон со години го возеше во серијата „Мистер Бин” е ставен на аукцијата под наслов „Икони и легенди од Холивуд”. Почетната цена е 60.000 долари.
Вo првата епизода автомобилот на Бин беше портокалов, и беше уништен на крајот на истата епизода. Оттогаш, Бин не се оддели од своето зелено-жолтеникаво милениче со црна хауба.
На возилото од 1977 година не е променето ништо од снимањето до денес, а во описот на аукциската куќа стои дека со него ќе го добиете и оригиналниот мотор кој не е тестиран, како и други механички делови. Освен овој автомобил, на аукцијата ќе се најде и автобусот што Сандра Булок и Кијану Ривс го возеа во филмот „Брзина”, за почетна цена од 20.000 долари.

На наддавањето, ќе можете за 1.700 долари да ја купите и пилата од хорор филмот „Тексашки масакр со моторна пила 2″.

Поврзани вести