Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог – кој го има „украинското знаме на рамениците“ – ќе направи животот да ја победи смртта.„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија. 

Пронајдете не на следниве мрежи: