Извори наведуваат дека Зеленски излегол со свој предлог, усогласен со Европа и инсистирал на разговори во поширок формат.
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, ја откажа средбата со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Турција откако сфати дека не сака да разговара за мировниот план на САД , пишува „Аксиос“.
Извори наведуваат дека Зеленски излегол со свој предлог, усогласен со Европа и инсистирал на разговори во поширок формат.
-Средбата беше одложена кога стана јасно дека Зеленски не е заинтересиран да разговара за планот на Трамп. Наместо тоа, Зеленски отпатува во Анкара со друг план што го развил заедно со европските партнери, а кој Русија никогаш нема да го прифати – рече американскиот функционер.
Стив Виткоф
Трамп ја поддржа одлуката на Виткоф да го откаже состанокот бидејќи не гледаше простор за подобрување.
„Сега ќе чекаме. Топката е во дворот на Зеленски“, рече неименуваниот американски функционер.
Тој додаде дека Зеленски може да дојде во Вашингтон за да разговара за новиот американски план, доколку сака.
Новинарот Кристофер Милер потврди дека документот му бил предаден на Киев преку Виткоф и шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев. Според него, Зеленски бил незадоволен од предлогот.
The post ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТФРИ АМЕРИКАНСКИОТ ПЛАН: Украинскиот претседател дојде со предлог усогласен со Европа, Виткоф го откажа состанокот! „РУСИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПРИФАТИ ТОА“! appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



