Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, ѝ испратил на Москва понуда за одржување нова рунда преговори следната недела.Во своето вечерно обраќање до нацијата, Зеленски нагласи дека динамиката на преговорите треба да се забрза и дека треба да се направи сè за да се постигне прекин на огнот, пренесува Укринформ.– Руската страна треба да престане да се крие од одлуките. Размена на затвореници. Враќање на децата. Запирање на убиствата. И потребен е состанок на лидерско ниво за вистински да се обезбеди мир – навистина траен. Украина е подготвена за таков состанок – нагласи претседателот на Украина.Зеленски рече дека разговорите со руската страна во врска со размените се во тек, дека Украина продолжува да ги исполнува договорите од последниот состанок во Истанбул и дека тимот моментално работи на друга размена,Последната размена на затвореници меѓу Украина и Русија се одржа на 4 јули.
Пронајдете не на следниве мрежи:



