Во предлог законот за продолжување на мобилизацијата е наведено дека законот ќе стапи на сила на 9 мај.Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, до Врховната Рада го испрати предлог-законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за дополнителни 90 дена, односно до 6 август годинава, пишува Танјуг.Предлог-законите во моментов се разгледуваат од Комисијата за национална безбедност, одбрана и разузнавачки прашања, објави Укринформ.Во предлог-законот за продолжување на мобилизацијата е наведено дека законот ќе стапи на сила на 9 мај, а продолжувањето на вонредната состојба ќе важи од денот на објавувањето.Ова е четврти пат прогласената вонредна состојба и мобилизација во Украина да се продолжува со воени средства од почетокот на војната во февруари 2022 година.Претходното продолжување, кое претседателот го потпиша на 5 февруари, го опфаќаше периодот до 9 мај годинава.
Пронајдете не на следниве мрежи: