Зеленски: Наскоро се очекува размена на затвореници со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека размената на воени заробеници се очекува наскоро по првата рунда преговори со Русија и САД во Абу Даби.

„Ќе следи и важен чекор: наскоро очекуваме размена на воени заробеници. Мора да ги вратиме нашите затвореници дома“, нагласи Зеленски во видео обраќањето вечерва.

Тој додаде дека го добил извештајот од украинската делегација по средбата во Абу Даби со делегациите на Русија и САД, пренесува „Украинска правда“.

Пронајдете не на следниве мрежи: