Доколку Доналд Трамп дојде на власт во САД и Вашингтон го промени ставот за војната во Украина, Киев ќе продолжи да се бори против Русија без американска поддршка, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Ќе биде тешко ако САД ја сменат својата позиција. Ако Конгресот и Белата куќа ја сменат својата политика, ќе кажам, добро, ќе се бориме без вас, коментираше Зеленски за изгледите во случај Трамп да биде избран за претседател на САД.
- Продолжува намалувањето на бројот на новозабплени во Гостивар, прегледани 197 нови пациенти со стомачни тегоби
- Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор
- Познатиот кројач што го облекувал Павароти бара отштета: Тврди дека мувлата му оштетила вина вредни 1,16 милиони евра
- Во понеделник четиричасовен штрајк на грчките цариници, ограничен сообраќај на Евзони, Дојран и Меџитлија
- Илон Маск би му дал на Мел Гибсон 100 милиони долари за да направи „точна“ „Одисеја“
- Општина Бутел донираше 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар
- Собранието одлучува дали Зулфиќар Зејнула ќе биде нов министер без ресор
- Општина Ѓорче Петров обезбедува бесплатен ранец, финансиска поддршка и ужинка за секое прваче
- Вибратор или партнер? Големо истражување откри што всушност им дава на жените поголемо задоволство
- Покрената е петиција за откажување на концертот на Карлеуша во Скопјe: поради ова, Македонците сакаат да ѝ забранат да пее
Според украинскиот претседател, ставовите на одделни членови на Републиканската партија претставуваат опасност за Киев. Зеленски, исто така, истакна дека нема да ги поддржува луѓето кои сакаат да го запрат воениот конфликт „по секоја цена“.
Пред оваа изјава имаше одреден спор меѓу Трамп и Зеленски. Поранешниот американски претседател во неколку наврати изјави дека би можел да испреговара крај на војната за 24 часа, доколку е во Белата куќа.
– Би му рекол на Зеленски: доста е, мора да се договорите. Ќе му кажам на (рускиот претседател Владимир) Путин: ако не склучите договор, ќе им дадеме (на Украина) многу повеќе отколку што имале некогаш, ако мораме, го откри планот Трамп. Во исто време, тој не исклучи дека Украина ќе мора да отстапи дел од својата територија во замена за мир.
Зеленски одговори со покана на Трамп да дојде во Киев и самиот да увиди каква е тековната војна. „Ако може да стигне до тука, ќе ми требаат 24 минути – да, 24 минути – да му објаснам на Трамп дека не може да се справи со оваа војна. Поради Путин, тој не може да донесе мир“, рече украинскиот претседател во интервју за Ен-Би-Си.
Сепак, Трамп ја одби поканата на украинскиот лидер. – Имам голема почит кон претседателот Зеленски, но мислам дека би било несоодветно да одам во Украина во овој момент, рече Трамп. Според неговите зборови, тој не сакал да создаде „конфликт на интереси“, бидејќи администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден сега работи со Зеленски.
Според Трамп, работите во Украина одат лошо до таа мера што престанале да зборуваат за тоа во американските медиуми. Сепак, Зеленски го негираше тоа, ветувајќи дека „ќе покаже резултати оваа година“ и ќе ја продолжи офанзивата следната година. – Имаме план. Имаме многу специфични градови, многу (специфични) насоки кон кои се движиме. Не можам да ги споделам сите детали. Сигурен сум дека нè чека успех, рече Зеленски.
Трамп ја започна својата кампања во јануари. Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември 2024 година.
Пронајдете не на следниве мрежи:



