Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за средба во Москва, нарекувајќи го изборот на такво место за средба знак дека Русија не е навистина заинтересирана за преговори.Во интервју за американскиот телевизиски канал ABC News, украинскиот лидер рече:„Не можам да одам во главниот град на овој терорист бидејќи Украина е под ракетни напади, под оган секој ден. Путин може да дојде во Киев“, рече Зеленски.Доналд Трамп инсистира на директни разговори меѓу рускиот и украинскиот претседател.Организирањето на таков билатерален или трилатерален состанок беше една од главните цели на неговиот самит со Путин во Алјаска минатиот месец.Путин вели дека е подготвен да се сретне со Зеленски, но во Москва.
Пронајдете не на следниве мрежи:



