Зеленски: Ова е историска одлука

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се осврна на опцијата која денеска ја изнесе Стив Виткоф претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп. Виткоф рече дека Владимир Путин се согласил да им дозволи на украинските сојузници, вклучително и САД да ѝ понудат на Украина сигурносни гаранции слични на членот 5 на НАТО сојузот.

Зеленски еден ден претходно, откако Доналд Трамп го извести за руските барања, рече дека не доаѓа предвид да се повлечат украинските сили од останатиот дел на Доњецк.

Ова е историска одлука. САД се подготвени да учествуваат во безбедносните гаранции за Украина. Како резултат на заедничката работа, тие гаранции мора да бидат многу практични, да обезбедуваат заштита на копно, во воздух и на море и мора да се создадат во содејство со останатиот дел на Европа, напиша Зеленски на „Икс“.

Благодарен сум им на сојузниците од Коалицијата на денешните разговори во Брисел пред состанокот во Вашингтон со претседателот Трамп. Разговорот беше многу корисен. Продолжуваме да ги воедначуваме нашите заеднички ставови. Јасна е потпората на независноста и суверенитетот на Украина. Сите се согласуваат дека границите не смее да се менуваат со сила. Сите се потпираат на тоа дека клучните прашања мора да се решаваат во содејство на Украина САД и рускиот челник, додаде украинскиот претседател.

Пронајдете не на следниве мрежи: