Зеленски по разговорите во Женева: Сè уште нема договор за овие прашања

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека трилатералните разговори во Женева меѓу Украина, САД и Украина биле тешки, но дека страните се согласиле да ги продолжат разговорите.

Гледаме дека е постигнат напредок, но засега позициите се разликуваат бидејќи преговорите беа тешки“, изјави Зеленски за новинарите, објави Укринформ.

Зеленски нагласи дека има напредок во воените прашања, имено во следењето на прекинот на огнот, но дека во однос на политичките прашања – териториите, нуклеарната централа Запорожје и други чувствителни прашања – позициите на страните остануваат различни.

Тој посочи дека е постигнат договор прекинот на огнот да го следи и американската страна, што го оцени како конструктивно.

Во исто време, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, им изјави на новинарите дека е постигнат напредок за време на вториот ден од трилатералните разговори во Женева.

– Разговорите беа интензивни и суштински – рече Умеров, наведувајќи дека беа разјаснети голем број прашања и дека целта на Украина останува праведен и одржлив мир.
The post Зеленски по разговорите во Женева: Сè уште нема договор за овие прашања appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: