Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вечерва предложи директна средба со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната, соопшти кабинетот на Зеленски.
Тој потенцира дека Киев не сака „трајна војна“ и предложи директните преговори да се одржат во трета земја, наведувајќи ги Швајцарија, Турција или арапските земји како можни домаќини. Додека Европа и САД да учествуваат во процесот како гаранти на безбедноста.
– Доста е со војна. Украина предлага да се заврши оваа војна праведно, со достоинство и со гаранции дека нема повторно да се разгори, наведе Зеленски.
Тој предлага и целосен прекин на огнот за време на преговорите, како и размена на сите воени заробеници.
Но, тој и обвини Путин дека речиси половина од своите 26 години на власт ги посветил на водење војна против Украина. Според него се намалуваат руските ресурси, а руските загуби надминуваат 30.000 луѓе, а Москва нема да ги постигне своите воени цели во Украина.
Претходно, Путин изјави дека Русија е подготвена на компромис доколку истото го направи Украина.
– Несомнено сме подготвени и сакаме да постигнеме договор со Украина по мирен пат, врз основа на тоа што го разговаравме за време на нашиот состанок со претседателот Трамп во Анкориџ, посочи Путин.



