Зеленски: Светот го преспа повторното раѓање на нацизмот во 5 часот на 22 февруари 2022 година

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се обрати на нацијата преку видео порака по повод одбележувањето на Денот на сеќавањето и примирјето, победата во Втората светска војна.„Светот го преспа повторното раѓање на нацизмот во 5 часот наутро на 24 февруари 2022 година. Дури и денес, секој што се сеќава на Втората светска војна и преживеал до ден-денес, се чувствува дежа ву. Битката за Киев, бомбардирањето на Харков, Одеса и Дњепар, масовни гробници, депортации на деца, логори и колонии на затвореници“, напиша Зеленски на својот профил на социјалната мрежа Х.„Русија ги врати страниците од учебникот од Втората светска војна во центарот на вниманието на глобалните медиуми, покажувајќи дека нацизмот повторно се појавува со секое ново злосторство. Овој пат, едноставно има нова етикета: ‘Произведено во Русија’“, рече тој.„И, како и во 1945 година, само обединет слободен свет – обединет во коалицијата против Путин – може да ги запре московските нацисти со акција, а не со зборови. Таквиот свет може да спречи ново зло да се шири низ европскиот континент, а на крајот и целиот свет. Таквиот свет е во состојба да ја покаже својата посветеност на зборовите ‘Никогаш повеќе’!“, заклучи украинскиот претседател.The world slept through the rebirth of Nazism at 5 a.m. on February 24, 2022. And today, everyone who remembers World War II and has survived to this day feels a sense of déjà vu.The Battle of Kyiv, the bombings of Kharkiv, Odesa, and Dnipro, mass graves, child deportations,… pic.twitter.com/GRmPFTM641— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 8, 2024

Пронајдете не на следниве мрежи: