Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина „знае што планира непријателот и како да одговори на тоа“.
- Доктор открива кој е првиот знак за проблеми со бубрезите што повеќето луѓе го игнорираат
- Хаос во Италија поради одлуката на синџир бензински пумпи
- Дали често сонувате исти соништа? Еве што вашата потсвест се обидува да ви каже
- Зошто не можете да престанете да мислите на поранешниот партнер иако вашата врска била лоша
- Се оженил на 19 години, ѝ купил остров и страдал за овој човек до крајот на животот: Брандо се сметал за најголем љубовник во Холивуд, а секоја љубов завршувала насилно (фото)
– Денеска добив извештаи од разузнавачките служби – началникот на Главната разузнавачка управа (ГУР) Кирил Буданов и шефот на Надворешната разузнавачка служба Александар Литвиненко. Им благодарам на двете наши структури и на сите што работат во нив, пред сè, за тоа што Украина знае и ќе знае што планира непријателот и како правилно и силно да одговори на тоа. И на копно и во Црното Море, рече Зеленски во вечерашното видео обраќање.
Како што јави Укринформ, Службата за државна безбедност претходно објави дека Русија има акумулирано 870 проектили, од кои 115 ракети со висока прецизност се произведени во октомври.
Зеленски се заблагодари и на украинската армија, која, како што наведе, се бори во најтешките области на фронтот, за нивната издржливост.
– Авдиевка, Маринка, Бахмутскиот правец, Лиманскиот правец, Купјанск, Запорожје, Херсонската област … Тешко е во секој од овие правци. Но, им благодарам на сите што се упорни. Благодарност до сите што не губат сила и позиции. Им благодарам на сите команданти кои се грижат за војниците. На сите борбени лекари кои спасуваат животи, нагласи тој.
Во текот на денот имало 50 борбени судири меѓу силите на Украина и руските војници, наведува украинската агенција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



