Републиканците во Сенатот денеска го блокираа двопартискиот пакет закони со цел да се намали рекордниот број на нелегални гранични премини на САД и да вклучи милијарди долари итна помош за Украина, Израел и американските партнери во индо-пацифичкиот регион.
Официјални лица од администрацијата на претседателот Џо Бајден со месеци работат со демократите и републиканците во Сенатот на законот, кој не ги доби потребните 60 гласови од сенаторите за да биде усвоен, пренесува АП.
- Дали имате висок крвен притисок? Ограничете ги овие три вида хранаВисокиѕ крвен притисок го зголемува ризикот од срцеви удари, мозочни удари и… Read more: Дали имате висок крвен притисок? Ограничете ги овие три вида храна
- Почувствуван земјотрес во Битола, Ресен и околината, епицентарот во ГрцијаСпоред податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,… Read more: Почувствуван земјотрес во Битола, Ресен и околината, епицентарот во Грција
- Земјотрес вечерва стресе делови од Македонија – ова се деталитеСпоред податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,… Read more: Земјотрес вечерва стресе делови од Македонија – ова се деталите
- Доли Партон дозволила само едно лице да ја посети додека умиралаДоли Партон дозволила само едно лице да ја посети на смртната постела… Read more: Доли Партон дозволила само едно лице да ја посети додека умирала
- НЕВЕРОЈАТНА ЗАПЛЕНА ВО ИТАЛИЈА! Полицијата упадна во станот, милиони евра, Ролекс часовници и оружје паѓаа од ѕидовите и подовите, погодија озлогласен мафијашки клан (ВИДЕО)Италијанските власти пронајдоа 3,2 милиони евра во готово, скриени во ѕидовите, подовите… Read more: НЕВЕРОЈАТНА ЗАПЛЕНА ВО ИТАЛИЈА! Полицијата упадна во станот, милиони евра, Ролекс часовници и оружје паѓаа од ѕидовите и подовите, погодија озлогласен мафијашки клан (ВИДЕО)
Претходно, повеќето републиканци потврдија дека ќе гласаат против законот.
Според двопартискиот предлог-закон, Израел ќе добие 14 милијарди долари, 60 милијарди се наменети за помош на Украина, а 10 милијарди ќе одат за хуманитарна помош за цивилите во Украина, Газа и Западниот Брег.
Републиканците првично бараа промени во граничната политика во замена за помош за Украина, но се откажаа од тој компромис оваа недела набргу по објавувањето на договорот за границата, сметајќи го за неадекватен.
Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, рече дека ќе се обиде да го спаси пакетот за воена помош и ќе продолжи да се залага за гласање за помош од десетици милијарди долари за официјален Киев, Израел и другите сојузници на САД, но без легислативата за поефикасна контрола на американските граници.
Засега не е сигурно дали доволен број републиканци ќе гласаат за продолжување на постапката за гласање на законот за воена помош, бидејќи за усвојување на таа процедура потребно е и мнозинство од 60 гласови во Сенатот.
Пакетот помош за Украина во износ од околу 60 милијарди долари е закочен во американскиот Конгрес со месеци поради зголеменото противење на конзервативците во Претставничкиот дом и Сенатот кои ја критикуваат одлуката на администрацијата на Бајден како расипничка и бараат стратегија за излез на Америка од војната во Украина.
Пронајдете не на следниве мрежи:



