Зеленски ја назначи Олга Стефанишина за нова амбасадорка на Украина во САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Олга Стефанишина, вицепремиерка на Украина за евроатлантски интеграции, ќе биде новата амбасадорка на Украина во Соединетите Американски Држави.

Зеленски на Телеграм напиша дека ја назначил Стефанишина за амбасадорка во Соединетите Американски Држави за да може да развива односи со Вашингтон. Тој додаде дека процедурите потребни за назначување на Стефанишина се во тек.

Пронајдете не на следниве мрежи: