Зеленчук одгледан во воздух, без почва и речиси без вода

Чешки научници пронашле ефикасен начин на одгледување зеленчук во воздух, без почва и со ограничено количество вода.
Проектот се нарекува „Марсонаут“ и е дел од подготовките на научниците од Прага и на човештвото, за освојување на Марс.


На овој начин, засега успешно се засадени марула, репка, нане, босилек… Според д-р Јан Лукачевич од Универзитетот за животни науки и неговиот тим, „вкусот им е врвен, оти се одгледани во целосно контролирани услови“ со потребната доза светлост и минерали.

Тие минатата недела, самите ги пробаа плодовите од својата прва берба.
Главната придобивка од овој метод во развој, е тоа што се користи 95 отсто помалку вода отколку при вообичаеното одгледување растенија и тоа што се користи поинаква површина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.