Земала 13.000 фунти и избегала: Младоженецот и гостите изиграни од невестата, причината е освета

Младоженец од Англија и неговите 29 пријатели биле непријатно изненадени кога откриле дека невестата избегала со 13-те илјади фунти наменети за свадбената веселба и на аеродромот ги оставила на цедило.
Крис Махон (27) требало да се венча со 29-годишната Рејчел Доран, па со друштвото пред летот на Ибица, каде што требало да се одржи четиридневната прослава, се собрале на аеродром.


Но, набргу било откриено дека невестата, која на себе ја преземала обврската околу организацијата, не резервирала карти за авион, ниту сместување за гостите на Ибица, иако сите и дале пари.
„Избеганата невеста“ тоа го направила поради освета, бидејќи погрешно мислела дека Крис ја изневерувал. Во својата освета отишла толку далеку што на гостите им отпечатила лажни авионски карти и лого на локалната туристичка компанија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.