Кардиналот Пјербатиста Пицабала, пратеник на папата Франциско во Светата земја, кажа дека е подготвен да му се предаде на Хамас во замена за киднапираните израелски деца кои ги држат како заложници палестинската екстремистичка организација во Појасот Газа.
- Масовни протести во Франција, запален и еден полицаец
- Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во близина на иранската нуклеарна централа Бушер – се отвора прашањето дали станува збор за нуклеарен тест
- Ѓорѓиевски организира бесплатна посета на Матка, обезбеден и превоз за граѓаните
- Генерацијата Z се крева, десетици илјади млади луѓе на улиците на Германија: Се судрија со полицијата, беше активиран и воден топ (фото)
- Средба на двајца поразени автократи: Вучиќ го пречека Орбан и рече дека ќе се вратат
- Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“ поради поддршката на нападите врз Иран
- Мишо Ковач со години одбиваше да настапува на Запад: Нема да бидам под усташката идеологија, не ја продадов оваа земја
- Само осум од 100 жени Ромки се вработени, економската зависност ги изложува на поголем ризик од насилство
- Хаос во Тирана: Демонстрантите фрлаат молотови коктели врз полицијата, бараат оставка од Рама (фото)
Медиумската агенција Reuters пренесува дека Пјербатиста Пицабала, кој ја носи титулата латински патријарх на Ерусалим, го изјавил ова за време на видео конференција со новинари во Италија.
„Подготвен сум за размена, ако може да доведе до ослободување, децата да се вратат дома. Нема проблем. Од моја страна има целосна волја“, рекол кардиналот.
Тој порачал дека тој и неговиот кабинет се уште немаат директен контакт со Хамас.
„Не можете да разговарате со Хамас. Многу е тешко“, рекол папскиот пратеник.
Израелската Армија денеска соопшти дека Хамас заробил 199 лица за време на нападот во јужен Израел на 7. октомври.
Пронајдете не на следниве мрежи:



